Металург подобар од Пролет, Пелистер 2 го изненади Охрид

Ракометните суперлигаши продолжуваат со одигрувањето на контролни натпревари во пресрет на стартот на новата натпреварувачка сезона. Металург вечерва се сретна со Пролет, триумфирајќи со 29-25 во дуелот што беше „генералка“ за „металурзите“ пред дуелот со Спачва во европските купови.

По 60-те минути „регуларна игра“ (трипати по 20 минути), тренерите Кастратовиќ и Матлиески се договориле двете екипи да доиграат уште 15 минути, за дополнително воигрување на акции на двете страни.

Интересен натпревар се одигра во Охрид, каде тимот на Пелистер 2 го изненади домаќинот триумфирајќи со 25-30. Избраниците на Јовиќ изненадија со извонредното прво полувреме што го добија со 12-19, по што битолчани рутински ги приведоа мечот до крај. Најпрецизни во Еурофарм Пелистер 2 беа Јован Талески и Дарио Петровски со по седум постигнати голови, а кај охриѓани најефикасен беше Бобан Блажески со 11 голови.

Се вчитува...