Металург потпиша со португалско лево крило

Металург продолжува со екипирањето на својот состав. Денеска, свој потпис на договорот со клубот од Автокаманда стави португалското лево крило, Улисис Рибеиро. Рибеиро (30 г, 181 см, 76 кг) е замената за Милан Поповиќ, кој по завршувањето на договорот со Металург замина во романското првенство.

Матичниот клуб на новиот ракометар на Металург, Сао Бернардо од каде потоа замина во Мадеира и таму остана се до минатата сезона кога се пресели во екипата на Хари Ап од холандското првенство. Проблемите со Ковид-пандемијата беа причина што Рибеиро минатата сезона одигра само 13 средби на кои постигна 33 гола. Рибеиро, покрај својата левокрилна позиција, одлично се снаоѓа и на позиција среден бек, а со Металург потпиша договор на две години.

Улисис Рибеиро е шестото засилување на Металург за новата сезона, по браќата-бекови Њокас, пикерот Костадин Петров,  средниот бек Бобан Каковски и голманот Димитар Бардаковски.

Се вчитува...