Металург прв до билет за Ф4 во Купот на Македонија

Металург е првиот тим што обезбеди пласман на фајналфор турнирот од Купот на Македонија, откако ланскиот финалист рутински триумфираше на својот четвртфинален турнир. Откако најпрвин славеше на мечот со Пролет, тимот на Лино Червар денека лесно го доби и финалето од групата 1, совладувајќи го Прилео со 42-31.

Прилепчани беа достоен ривал само во првите десетина1 минути, во кои по предноста на Металург од 5-1 стигнаа до израмнување на 7-7. Сепак, тоа беше се што овој тим успеа да стори, Металург набрзо презеде контрола над играта и резултатот и на одмор замина со убедливи 23-14. Остатокто од натпреварот беше само рутина за избраниците на Червар, кои на крајот славеа со конечни 11 гола разлика.

Немања Обрадови со десет гола беше најефикасен кај Металург, пред Костески со шест, а најдобар стрелец на Охрид беше Бозароски со девет погодоци.

Се вчитува...