Металург со подарок го испрати Пешевски во Украина (ФОТО)

Жарко Пешевски со години наназад со успех го носеше дресот на Металург, минатото лето реши да остане одбивајќи неколку интересни понуди, но одличниот пивот летово дефинитивно си заминува од Автокоманда, продолжувајќи ја својата кариера во украинскиот првак Мотор.

Управата на Металург знае да го цени она што Пешевски го стори за актуелниот вицепрвак на Македонија, па пред дербито со Вардар македонскиот репрезентативец доби пригоден подарок, врамен дрес од Металург со бројот 44.

Се вчитува...