Металург со второ големо засилување во два дена

Металург јасно ги потенцира плановите за составување на сериозна екипа за следната сезона, откако поранешниот македонски првак за два дена потпиша договори со двајца квалитетни ракометари. Откако вчера беше потпишана соработка со српскиот бек Момир Рниќ, од денеска нов член на Металург е и црногорскиот репрезентативец Бранко Канкараш.

Идентично како Рниќ, така и Канкараш има искуство од настапи во Лигата на шампионите. Црногорецот пристигнува во Автокоманда од редовите на Брест Мешков, од каде си замине поради малата минутажа што ја имаше минатата сезона. Тој претходно има настапувано и во францускиот шампионат за екипите на Истрес.

За очекување е листата на нови ракометари на Металург, по вкусот на тренерот Зоран Кастратовиќ, да се зголеми во следните денови, за скопскиот клуб што поскоро да го формира костурот на тимот за следната сезона.

Се вчитува...