Метеорски напредок: Енис Барди пред две години вредеше 1,5 милион евра, а сега десеткратно повеќе

Македонскиот репрезентативец Енис Барди десетпати ја зголеми цената на трансферниот пазар во изминатите две и пол години, носејќи го дресот на шпанскиот прволигаш Леванте. Тој во 2017 година дојде од Ујпешт за сума од 1,5 милион евра, но „десетката“ на Леванте со одличните игри успеа да се наметне во Ла Лига и доби понуди од Реал Сосиедад и од Вилјареал. Двата клуба се подготвени да платат 15 милиони евра за да го добијат снајперот за слободни удари.

 

Актуелниот договор на Барди со Леванте истекува на крајот од сезоната, а клубот води преговори за продолжување на соработката. Тој досега одигра 75 натпревари во дресот на Леванте и постигна 14 гола.

Во македонската фудбалска репрезентација има 27 настапи и пет постигнати погодоци.

Се вчитува...