„Меур во меурот“ за дел од играчите на УС Опен

Одреден број тенисери, учесници на УС Опен се сместени во таканаречен „меур во меурот“ затоа што биле во контакт со Беноа Пер кој имаше позитивен тест во пресрет на турнирот, а беше дел и од Мастерсот Синсинати. Неговата сонародничка, Кристина Младеновиќ објаснува дека има право на лимитирано движење затоа што била во групата која играла карти со Пер. Таа и останатите од друштвото прават тестови секојдневно.

„Откако ја добивме веста се наоѓаме во кошамар, но благодарна сум дека можам да бидам на теренот и што сум безбедна“ изјави 30-та носителка по победата над Хејли Баптист.

Беноа Пер кој требаше да биде 17-ти носител поради позитвниот корона-тест беше заменет со Шпанецот, Марсел Гранољерс. Пер на социјалните мрежи објави дека се чувствува добро. УС Опен се игра без публика и под строги протиколи и мерки за заштита од коронавирусот.

 

Се вчитува...