Мхитаријан: Дајте му време на Емери, Арсенал пак ќе биде моќен

Два порази во првите две кола од Премиер-лигата беа доволни за спласнување на оптимизмот што се појави кај фановите на Арсенал по именувањето на Унаи Емери за нов менаџер на „топчиите“. Неуспесите беа на дерби дуели со Манчестер сити и Челси, неадаптираноста на фудбалерите на идеите на новиот стратег е очигледна, но Хенрик Мхитаријан е убеден дека Емери е вистинскиот човек за предводник на лондонскиот клуб.

Ерменецот денеска гласно му изрази поддршка на шпанскиот стручњак, барајќи од оние кои веднаш почнаа со критики да имаат малку повеќе трпение.

„Секој има право на свое мислење. Ние многу добро знаеме што играме во моментов и што сакаме да постигнеме во наредниот период. Не е доволно да шутнеме напред и да чекаме Бог да ни овозможи шанса да постигнеме гол, мораме напорно да тренираме, да веруваме во себе. Разликата меѓу Емери и Венгер не е преголема бидејќи гледано фудбалски имаат слични размислувања, базирани на кратки додавања и напаѓачки фудбал. Филозофијата на Емери е нешто поинква, тој сака врз она што го градеше Венгер да додаде уште нешто и да остави свој печат. Тој сака да создаде баланс меѓу нападот и одбраната, а тоа никогаш не е лесно. Сепак, верувам во него и затоа порачувам дека треба да му се даде време, бидејќи се движиме во вистински правец за Арсенал пак да биде моќен“ – изјави Мхитаријан.

Се вчитува...