Мхитаријан е на излезна врата од Интер

Хенрик Мхитаријан ја игра својата последна сезона во дресот на Интер откако ерменскиот ветеран доби одлична понуда од Саудиска Арабија, за својата богата кариера да ја заврши токму во оваа држава.

Ерменецот има договор со Интер до крајот на годинава и следното лето може да си замине како слободен играч, а на маса има понуда од извонредни 15 милиони евра по сезона, вкупно 30 за следните две години. Ако се знае дека Мхитаријан во јануари ќе наполни 35 години, јасно е зошто тој сака пред самиот крај на кариерата добро да го наплати реномето што го изгради во последната деценија, настапувајќи за врвни клубови во Премиер-лигата и во Серија А.

Интер сака да го задржи ветеранот, но понудата на „нероаѕурите“ изнесува само 3,5 милиони евра по сезона, и тоа за една година. На европскиот вицепрвак веќе му станува јасно дека Ерменецот ќе го напушти клубот, а како негова замена е „пикиран“ Зиелински од Наполи, кој ќе биде слободен на пазарот како слободен играч ако се знае дека во јули му истекува договорот со актуелниот шампион на Италија.

Се вчитува...