Мхитарјан доаѓа на позајмица во Рома

Италијанскиот калчолигаш Рома го користи финишот на летниот преоден рок за да ја засили навалната линија. По ангажманот на Хрватот Никола Калиниќ, раководството на „волчицата“ успеа да постигне договор и со ерменскиот интернационалец Хенрик Мхитарјан. Тој доаѓа во Рим како позајмен играч од Арсенал на една сезона, а Рома ќе има опција и комплетно да го откупи неговиот договор.

Мхитарјан оваа сезона го загуби местото во составот на Арсенал и менаџерот Унаи Емери му дозволи да замине од „Емирати“. Тој во текот на денот ќе пристигне на медицински прегледи и ќе стави потпис на договорот со новиот клуб.

Се вчитува...