„Ми беше срам да го славам трофејот во Лигата на шампионите“

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, тврди дека било срамота да го слави трофејот во Лигата на шампионите во 1999 година, кога го освоија со неверојатен пресврт против Баерн Минхен.

Пол Сколс не играше во тоа финале поради суспензија, исто како и Рој Кин, но се појавија на теренот за да го слават трофејот.

Меѓутоа Сколс тврди дека не се чувствувал како дел од екипата во тие моменти.

„Не се чувствував како дел од екипата. Некои луѓе велат тоа е чудно чувство затоа што одиграв 15-16 натпревари за да дојдеме до финалето, но на трибини си и немаш никаква контрола над она што се случува на терен. Немаш никакво влијание“, рече Сколс.

„Отидовме на терен на крајот да славиме, но искрено ми беше срам“, рече Сколс, кому тоа му беше прв трофеј во Лигата на шампионите, а потоа освои уште еден.

Се вчитува...