Мигуел Пиреш e нов играч на Вардар

Португалско засилување во средниот ред доби шампионот Вардар за квалификациите во Лигата на шампионите. Мигуел Пиреш, досегашниот играч на Силекс потпиша за „црвено-црните“.

Пиреш доаѓа како слободен агент, со оглед дека му истече договорот со кратовскиот тим. Неговата вредност според Трансфермаркт е 350.000 евра. Тој беше еден од најдобрите играчи на Силекс минатата сезона, и воопшто најдобар во ПМФЛ со 11 гола и седум асистенции во 30 натпревари.

Во минатото настапуваше за кипарски тимови, а играше во Португалија. Иам една сеозна играно и во првенството на Литванија.

Се вчитува...