Трофејот од Купот е освоен, излезот во Европа обезбеден, и со тоа е остварена главната цел на Силекс за оваа сезона.
Па, кратовскиот тим денеска против Македонија ЃП ја „спушта завесата“ на натпревари во Првата лига, а потоа се фокусира кон настапите во Европа, во Лигата на Конференции.
Силекс, сепак, посакува триумф на последниот натпревар на гстувањето против Македонија ЃП, како што вели еден од најдобрите фудбалери на тимот, дефанзивецот Михаил Димитриевски, за во голем стил да ја заврши сезоната и да замине на пауза.
„Иако е ова последно коло, и натпреварот нема големо резултатско значење како нас, сепак, важен е пристапот и професионалноста. Секој натпревар е шанса да покажеме карактер, дисциплина и почит кон дресот кој го носиме и ќе излеземе максимално фокусирани и ќе се обидеме да ја завршиме сезоната на најдобар можен начин. Со респект кон противникот, наша цел е да одиграме квалитетен меч и со победа ја завршиме сезоната“ – вели Михаил Димитриевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
