Михаилов: Беше тешко да се игра, но момците не разочараа…

Тренерот на Силекс, Горазд Михаилов е задоволен по ремито на Силекс со молдавски Петрокуб кој остава надеж за кратовци да го видат второто квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига.

Во пеколни временски услови во Скопје, Силекс дојде до 1-1 и покрај тоа што беше во подредена улога на мечот, но Михаилов нема замерки за своите фудбалери кои дадоа максимум во овој момент.

„Навистина беа тешки услови за играње и може само да им честитам на фудбалерите кои дадоа максимум на натпреварот. Успеавме брзо да дојдеме до водство, а несреќно примивме погодок во последните секунди од средбата. Мислам дека воопшто не разочаравме затоа што се соочивме со навистина тежок противник кој може да игра 90 минути во ист ритам. На крајот најважно беше да не загубиме на еден ваков меч, посебно во ситуација во каква што е Силекс по крајот на минатата сезона. Имаме активен резултат кој остава надеж за пласман во следниот круг натпревари“ – истакна Михаилов по дуелот со Петрокуб.

Се вчитува...