Михаилов: Луѓето во црно, го завија мак-фудбалот во црно

Борец загуби од Шкендија со 0-2 во натпревар од 15. коло во Првата македонска фубалска лига. Тренерот на велешани, Горазд Михаилов по мечот ги нападна судиите дека тие се главните виновници за поразот на неговиот тим, бидејќи во неколку ситуации го оштетиле Борец и директно влијаеле на конечниот резултат.

„Како тренер не можам да останам рамнодушен на фудбалските неправди кои се случуваат на нашите терени од страна на луѓето во црно кои навистина се црно за мак-фудбалот. Не сум реагирал досега, но ова е премногу. За кого се игра фудбалот? Кажете бар да знаеме, но ова е веќе очигледно за кого. Па ние како тренери зависиме од тие срамни одлуки, а луѓето одговорни си ќутат и траат. Овој мој статус ќе биде по онаа поговорката „кучињата си лаат, караванот си врви“. Некои сега очекувам со коментари против мене да пишуваат, кажуваат, каков тренер сум и човек. Нивно право, но сепак ова го кажувам за сите клубови и тренери кои поради ова сме девалвирани и сме на мета, но таква е нашата работа, но сепак трудот и досега постигнатото само по себе си кажува, а вие луѓе во црно го завивте во црно мак фудбалот со чесни исклучоци на одредени судии, но долга е нивата за орање и ќе се сретнеме пак, но нема да биде исто од моја страна. Ова е само дел од денес… Но, тоа пак ќе кажам чудесна Македонија и веќе ништо не не чуди“, напиша Михаилов. 

Се вчитува...