Михаилов: Бевме под притисок, но успеавме до многу важна победа

Борец славеше по пресврт со 2-1 против Струга Трим Лум во натпревар од 14. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Стратегот на велешани, Горазд Михаилов вели дека ова е многу важна победа бидејќи биле во психолошки пад по двата порази од Вардар и Ренова.

„Многу важна победа за нас, особено од психолошки аспект. По двата порази од Вардар и тој од Ренова во финишот на мечот, бевме под притисок на овој меч. Одличен меч успеавме по пресврт да славиме и затоа сум презадоволен. Одиме чекор по чекор во шампионатот и се уште прва цел ни е опстанокот и да бидеме во средината на табелата. Ние како млад прволигаш, кој лани по 18 години се врати во елитата треба уште да растеме и да одиме чекор по чекор во секој натпревар. Ќе биде тешко до крајот на есенскиот дел од сезоната бидејќи ритамот е пеколен, но ние ќе дадеме максимум на секој натпревари“, ни изјави Михаилов. 

Борец во следното коло во домашниот шампионат во сабота во Велес ќе го пречека лидерот на табелата Шкендија.

Се вчитува...