Михајло Арсоски е првото засилување за новајлијата Феникс 2010

Феникс 2010 започна со составување на тимот кој следната сезона ќе дебитира во „елитата“, а првото засилување за тимот од Маџари е Михајло Арсоски кој во редовите на новајлијата доаѓа од Пелистер, тим во кој ја заврши претходната сезона. Крилниот центар со себе носи големо искуство со речиси децениска кариера која започна во редовите на МЗТ Скопје, а продолжи во АВ Охрид, Струмица, Пелистер, МЗТ Скопје 2 и Црн Дрим.

Дваесетипет годишникот претходната сезона ја започна во Црн Дрим, а за стружани одигра 13 натпревари на кои бележеше просек од 8.2 поени, 5.4 скока и 1.2 асистенции по натпревар пред да премине во редовите на битолските „зелени-бели“ каде одигра скромни шест натпревари.

За „фабриката на таленти“ ова е прво засилување во пресрет на првата сезона во Првата лига. Во следниот период се очекува тимот на Денис Дервишевиќ да потпише со уште неколку домашни играчи пред тимот да се осврне кон страниците кои ќе го комплетираат составот.

Се вчитува...