Михајлоски донесе радост на Вардар против Пелистер (фотогалерија)

Вардар по голема битка славеше над Пелистер со резултат 65-63 во рамките од осмото коло од кошаркарскиот шампионат. Стануваше збор за пресметка меѓу две екипи од долниот дел на табелата, во која на крајот помирна рака имаа „вардарци“, триумфирајќи со поените на Михајлоски на 13 секунди до крајот.

Пелистер беше подобар противник во првата четвртина што гостите од Битола ја добија со 14-22, но домаќините со трпелива игра успеаја да се вратат. Во самиот финиш се водеше израмнета битка, и двата тима промашија по неколку шутеви при 63-63, за Михајлоски со две прецизни слободни фрлања да им донесе голема радост на избраниците на тренерот Радуловиќ.

Американецот Провел реализираше 23 поени за Вардар, Радош постигна 12, а Михајлоски 11 поени за победничкиот тим, додека најдобар стрелец кај Пелистер беше Билер со 24 поени.

Се вчитува...