Михајлоски со потпис за Блокотехна

Блокотехна успеа да ангажира уште еден кошаркар пред истекот на преодниот рок, откако тимот од Гевгелија потпиша договор со Павле Михајлоски од редовите на Вардар.

Станува збор за младински репрезентативец на Македонија, кој сезонава максимално ја користеше укажаната доверба на тренерот Радуловиќ во Вардар. Сепак, кога се укажа можноста за настап во Супер-лигата, Михајлоски го прифати предизвикот и му се приклучи на тимот на тренерот Марјан Илиевски.

Михајлоски е второто засилување на Блокотехна пред крајот на преодниот рок, откако беше потпишан договор и со Американецот Фундербург од Фени индустри.

Тимот од Гевгелија веќе отпатува за Тирана, каде викендов ќе го игра фајналфор турнирот од БИБЛ-лигата. Во полуфиналето Блокотехна за ривал ќе го има бугарскиот претставник Академик Бултекс.

Се вчитува...