Српскиот стратег Синиша Михајловиќ на прес-конференција им се заблагодари на сите кои се грижеа за него и му помогнаа во борбата со тешката болест.
„Се веселам што ве гледам сите тука. Последен пат излегов на прес на 13 јули кога соопштив дека сум болен. Уште еден животен тест овие четири месеци. Им заблагодарувам на сите. Од докторите кои ми помогнаа до медицинските сестри кои во секој момент беа тука за мене. Пронајдов ангели чувари, кои ми помогнаа многу. И околу болеста, но и психолошки“, изјави Михајловиќ.
За потсетување Србинот на 13 јули објави дека се соочува со тешка болест и дека неговиот живот е во опасност, но дека нема да се предаде.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА