Михајловиќ го победи коронавирусот

Болоња ги израдува фудбалските фанови ширум Европа објавувајќи дека Синиша Михајловиќ излегол како победник од борбата со коронавирусот. Српскиот стратег минатата седмица обелодени дека е позитивен на Covid-19, а фудбалската јавност стравуваше за здравјето на Михајловиќ, кој пред помалку од една година излезе како победник од тешката битка со леукемијата.

За среќа, борбата со коронавирусот не беше премногу исцрпувачка за Србинот, тој немаше симптоми во периодот додека беше заразен, а денеска го доби и вториот негативен тест, што значи и враќање на исполнување на работници обврски.

„По вториот негативен тест, нашиот тренер Синиша Михајловиќ од утре ќе може да почне со нормално исполнување на обврските“, објави Болоња на клупските профили на социјалните мрежи.

Се вчитува...