Михајловиќ: Го сонував сопствениот погреб…

Синиша Михајловиќ успеа да ја врати Болоња на победнички патеки, но српскиот стратег останува во центарот на вниманието поради својата битка со леукемијата од која успеа да излезе како победник.

Михајловиќ во разговор за „Скај Спортс“ откри детали од оваа борба, која го променила и како човек.

„Практично сум роден двапати, прво во февруари 1969 година, а потоа 50 години подоцна, на 29 октомври 2019 година. Го сонував сопствениот погреб, и тоа неколку пати, тоа е чудно чувство, но сонот го поврзував со сопствената храброст и желбата за борба. Да видите силен човек како плаче е посебна работа, од болеста научив да покажувам емоции. Научив да плачам и не ми е срам, никој не треба да се срами. Претходно чував премногу емоции во себе, тоа ми создаваше стрес, тогаш увидов дека плачењето е добра работа, исто како и покажување на љубов кон луѓето околу себе“, истакна Михајловиќ.

Се вчитува...