Михајловиќ имал трансплатација на коскена срцевина, се чувствуа одлично, но се уште не може да ја води Болоња

Српскиот стратег Синиша Михајловиќ успешно ја помина третата фаза од хемотерапијата во борбата против леукемија, но сепак се уште не е подготвен да се врати на клупата на калчолигашот Болоња, пренесуваат докторите од болницата „Сент Орсола“.

Тренерот на калчолигашот во средата беше пуштен од институтот за хематологија „Серањоли“, каде на 29. октомври му била изршена трансплатација на коскената срцевина. Веќе следниот ден ги посети фудбалерите на тренинг. Сепак, докторите потврдија дека тој се уште не е подготвен да се врати на клупата и нема да биде заедно со тимот на натпреварот против Парма кој ќе се одигра викендов.

Се вчитува...