Михајловиќ ќе ја води Болоња и во второто коло од Серија А?

Синиша Михајловиќ ќе биде на клупата на Болоња на гостувањето кај СПАЛ во второто коло во Серија А, пренесуваат италијанските медиуми.

Главна фудбалска вест изминатиот викенд беше таа дека Михајловиќ и покрај борбата со леукемијата, ја водеше Болоња на мечот со Верона кој заврши без победник.

Српскиот тренер неодамна го заврши првиот дел од лечењето кој траеше 40 дена, а во тек е периодот на одмор пред вториот циклус од терапијата. Италијанските медиуми пренесуваат дека токму тој период ќе го искористи да го предводи својот тим во Серија А.

Се вчитува...