Михајловиќ: Не разбирам зошто ми љубоморат, не направив ништо погрешно…

Синиша Михајловиќ излезе како победник од борбата со коронавирусот, денеска се врати на работните обврски на тренинзите во Болоња, но во меѓувреме жестоко ги нападна оние кои го критикуваа за време на болеста. Србинот во интервју за „Газета дело спорт“ објасни дека не сторил ништо погрешно, коронавирусот го добил од една од ќерките, но и дека е разочаран од љубомората што ја почувствувал од околината.

„Енцо Ферари еднаш кажал дека Италијанците простуваат се освен да бидеш успешен. Јас би додал и да бидеш среќен. Не разбирам, премногу љубомора е секаде околу нас, не само во Италија, туку и насекаде… Што сторивме погрешно, семејството ми беше во куќата на Сардинија што ја имам 20 години, ги немав видено два месеци и нормално беше да сакам да ги прегрнам. Во 20 дена само пет-шест пати излегов во ресторан, секогаш носев маска, никогаш не отидов на брод или на плажа. Не одев во дискотеки ниту млад, камоли сега на 51 година. Ноќите ги минував седејќи со пријатели во дворот од мојата куќа. И сега кажете ми што направив погрешно. Се случи едното дете да ми се зарази и да ми го пренесе вирусот, но веднаш излегов во јавноста и објавив дека сум позитивен, бидејќи за мене тоа не е нешто што треба да се крие. Дали е проблем што куќата ми е во Коста Смералда, место каде што се собираат богати и познати луѓе. Што е тоа ако не е љубомора“, истакна Михајловиќ.

Тој обелодени и дека немал никакви симптоми од Covid-19.

Бев асимптоматски пациент, не забележав ништо. По сето она што го минав од јули до јануари, секојдневната борба со леукемијата и трансплантацијата на коскена срж, овој вирус ми беше како пиење на чаша вода. Тоа не значи дека ја потценувам болеста, знам колку многу луѓе загубија свои блиски за време на епидемијата и колку многу лекари се жртвуваа во оваа битка. Искрено се надевам дека наскоро ќе биде најдена вакцина за да се заврши кризата што го блокираше целиот свет“, порачува Синиша Михајловиќ.

Се вчитува...