Михајловиќ: Панчев го земаше пехарот од ЛШ и го носеше на свадби во Македонија (ВИДЕО)

Потсетувајќи се на славните шампионски денови на белградска Црвена Звезда, членот на шампионската генерација која го освои Купот на европските шампиони 1991 година, Синиша Михајловиќ со интересни детали за еуфоријата која во тие моменти владеела во клубот и во југословенскиот фудбал воопшто.

Михајловиќ открива дека шампионскиот пехар кој е изложен на белградска „Маракана“ е реплика на оригиналот од Бари, затоа што оној кој го донеле од Бари целосно бил искршен.

Сите уживале да го покажуваат и каде треба и каде не треба…

„Пехарот што го донесовме од Бари во деновите потоа постојано шеташе низ Југославија. Јас кога сакав го носев во Борово, а Југовиќ го носеше во својот крај. Биниќ, пак, некогаш си го чуваше во багажникот од колата па кога ќе се собиравме во некој локал тој го поставуваше на маса и така пиевме заедно со него. Знам и за случај кога Панчев дојде и рече: ‘Дај ми го пехарот треба да го носам на свадба…’ И Биниќ му го даваше од својата кола да го носи на свадба во Македонија. Тој пехар едноставно целосно го уништивме и мораше да се прави нов. Оној сега на ‘Маракана’ не е оригиналниот. Направен е повторно затоа што оригиналниот беше искршен“ – вели Михајловиќ за јутјуб каналот на белградска Црвена Звезда.

Се вчитува...