Михајловиќ потврди: Имам леукемија… не се плашам, ќе се борам!

Синиша Михајловиќ е принуден на неодредено време да се откаже од тренерските ангажмани и да се посвети на најтешката битка, онаа за неговиот живот. Српскиот стратег денеска на прес-конференција ги потврди информациите дека болува од тешка болест, потенцирајќи дека станува збор за леукемија. Тој извесно време се жалел на различни симптоми, по што на инсистирање на клупските лекари му биле извршени детални прегледи.

„Ми беа извршени тестирања при што беа откриени аномалии во мојот организам. Имам леукемија“ – изјави Михајловиќ на прес-конференција.

Србинот отсекогаш важел за голем борец, и како играч и како тренер, па сега најави дека истиот карактер ќе го покаже и при претстојната борба.

Кога дознав првите денови го криев тоа и од сопругата. Плачев со денови. Но, тоа не беа солзи од страв. Ја почитувам оваа болест и ќе се соочам со неа, со исправена глава. Ќе ја гледам во очи, како што тоа секогаш сум го правел. Имам агресивен тип на леукемија. Ќе биде потребно време за да се излечи, но сигурен сум дека ќе победам и во овој предизвик“ – порача Синиша Михајловиќ.

Се вчитува...