Михајловиќ повторно ќе отсуствува од клупата на Болоња

Српскиот фудбалски стратег Синиша Михајловиќ нема да седи на клупата на калчолигашот Болоња на натпреварот против Бреша следниот викенд. Тој ќе стартува со вториот циклус на хемотерапија. Искусниот тренер се бори со агресивен тип на леукемија и веќе беше подложен на еден циклус лекување, а додека беше во болниц го водеше тимот со помош на видео-линк.

Вториот циклус треба да биде уште поисцрпувачки за Михајловиќ и тој ќе мора да биде под строг лекарски надзор. Синиша Михајловиќ добива огромна поддршка од сите страни во битката за опасната болест.

 

Се вчитува...