Михајловиќ пуштен од болница – малку одмор, па Јувентус

Синиша Михајловиќ заврши со вториот дел од борбата со тешката болест, по што српскиот стратег доби зелено светло да ја напушти клиниката во Болоња. Тој седеше на клупата на дуелот со Лацио, по што се врати во клиниката „Сант Орсола“, a по комплетирањето на последните хемотераписки третмани придружуван од сопругата Аријана замина во својата семејна куќа во Рим.

Лекарите му препорачале на стратегот на Болоња да мирува во следните денови, а по прегледите во текот на следната седмица ќе биде утврдено дали тој ќе може да се врати на клупата на „болоњезите“.

Овој тим во следното коло по репрезентативната пауза ќе се сретне со Јувентус, па јасно е дека големиот борец ќе стори се за да може да се врати на клупата на својот тим.

Се вчитува...