Михајловиќ: Се чувствуваме како победници, судење повеќе не коментирам

После поразот од Милан вчера со двајца играчи помалку, тренерот на Болоња Синиша Михајловиќ после натпреварот рече дека не е бесен на своите играчи, и дека се чувствува како победник од овој натпревар.

Болоња остана со двајца играчи помалку на 2:2, со што Милан во финишот постигна два гола за триумф од 2:4.

„Не сум лут. Разочаран сум што натпреварот на крај замина во тој правец. Нема да коментирам судење повеќе. Мојот тим се врати по таква негатива и со играч помалку. Мислам дека да не беше магичниот момент и голот на Бенасер, немаше да загубиме. Бевме подобри од Милан и горд сум на моите играчи“, рече Михајловиќ.

Се вчитува...