Михајловиќ се враќа порано од очекуваното на клупата на Болоња: Го чека специјален меч!

Синиша Михајловиќ порано од очекуваното подготвен е денеска повторно да ја напушти болницата и да биде на клупата на својата Болоња која од 15 часот го пречекува Лацио во Серија А.

Српскиот стратег сака да го води својот тим против клубот во кој некогаш играше. Желбата постои но дозвола од лекарскиот тим засега нема.

Михајловиќ боледува од акутна леукемија, но и покрај клиничките третмани, ги водеше првите два натпревари на Болоња во новата сезона. Сега се најавуваше повторно негово враќање на клупата, но по репрезентативната пауза. Сепак, Михајловиќ кој е голем борец инсистира денеска да ја води својата екипа на, за него, важниот натпревар против Лацио за кој настапуваше од 1998 до 2004 година.

Се уште чека одобрение од лекарите. Болоња од претходните три меча има само еден бод, па сосема јасно е дека Михајловиќ и е потребен на екипата присутен на клупата.

Се вчитува...