Михајловиќ со емотивна порака до навивачите на Болоња (ВИДЕО)

Синиша Михајловиќ го заврши вториот циклус од хемотерапијата во процесот на лечење на леукемијата. Тренереот на Болоња во видео порака им се заблагодари на навивачите  поради поддршката која ја добива од нив и силата која му ја даваат да се бори со тешката болест.

„Жал ми е што не сум со вас, но излегов од болница во вторникот и навистина сакав да бидам дома со моето семејство. Се надевам дека ме разбирате. Сакам да ви се заблагодарам на сите. На навивачите, клубот… на се што направивте за мене. За сите моменти кога бевте блиску до мене и кога ми дадовте дополнителна сила во овие тешки моменти. Ви благодарам на се“, изјави Михајловиќ. 

Пораката која ја снима легендарниот тренер беше емитувана на стадионот „Ренато Далара“ на ревијалниот меч меѓу Болоња и Реал Мадрид на кој италијанскиот тим прославуваше 110 години постоење.

 

 

Се вчитува...