Михајловски: Доколку не го преземев Вардар, клубот ќе згаснеше

На денешната прес-конференција на Вардар претседателот на клубот, Михајло Михајловски го претстави новиот тренер на тимот, Веселин Вујовиќ и се осврна кон иднината сезона, но и проблемите со кои се соочи клубот по заминувањето на Сергеј Самсоненко.

Михајловски го превзема клубот од Русинот со цел гордоста на македонскиот ракомет да продолжи да живее, а како што вели доколку не го напраел истото, клубот ќе згаснел.

„Самсоненко мораше да го напушти клубот и доколку јас не се нафатев клубот ке згаснеше. Во договор со државни институции се договоривме да го преземам клубот и да направиме што е можно максимално за целата сезона, во договор со Алушовски успеавме да оформиме екипа. Имавме четири цели за кои ќе се добијат бонуси. Топ 8 во Европа, финале во СЕХА и освојување на двојна титула во Македонија“, изјави претседателот на клубот.

Се вчитува...