Михајловски: Ни се нудеа многу тренери, но еве зошто ги избравме Дејвис…

Првиот човек на Вардар, Михајло Михајловски, го потврди доаѓањето на Давид Дејвис на кормилото на „црвено-црните“ за вториот дел од оваа натпреварувачка сезона.

Тој откри дека во периодот по заминувањето на Веселин Вујовиќ на „вардарци“ им биле понудени бројни тренерски имиња, но Михајловски обелодени и што било клучен фактор за тој да го избере Дејвис за наследник на „Вујо мајсторе“.

“Задоволен сум што брзо го решивме прашањето на тренер. Имавме многу понудени опции и повеќе познати тренери, и им благодарам на сите кои изразија желба да бидат дел од Вардар. Се решивме за Давид Дејвис поради фактот што тој веќе претходно беше во Скопје како дел од Вардар, познава дел од играчите и работел со нив, нема јазична бариера бидејќи зборува и македонски, и претходно работел во систем и со систем кој донел одлични резултати. Покрај работата со првиот тим, Дејвис ќе биде задолжен и за координација со младите селекции на Вардар. Со ангажирањето на Дејвис нашите цели за сезонава остануваат исти“, изјави Михајловски.

Се вчитува...