Михајловски потврди: Столе е позитивен на Covid-19, но нема симптоми

Првиот човек на Вардар, Михајло Михајловски, во изјава за телевизијата „Канал 5“ потврди дека капитенот на „црвено-црните“, Стојанче Стоилов, е позитивен на вирусот Covid-19. Сепак, тој обелодени дека македонскиот репрезентативец не чувствува симптоми од болеста.

„По вчерашниот утрински тренинг Стоилов се пожалил на омалаксаност и покачена телесна температура. Веднаш беше тестиран и неговиот тест е позитивен. На сите членови на Вардар денес им е земен брис и во исчекување сме на нивните резултати. Столе е во добра здравствена состојба и не чувствува ниту еден симптом на вирусот“, истакна Михајловски за „Канал 5“.

„Вардарци“ веќе в сабота ги очекува реваншот од четвртфиналето од СЕХА-лигата против Нексе. Стоилов дефинитивно го пропушта овој натпревар, a доколку се појави уште некој позитивен случај од извршените тестови македонскиот тим би се соочил со огромен проблем за обезбедување на пласман на Ф4 турнирот во Задар.

Се вчитува...