Мијатовиќ: Благодарност до тренерот Самарџиев што веруваше во нас, заслужуваме титула

Еуро Никел е првиот финалист во овогодишното издание на Првата лига откако кавадарчани со 88-87 славеа во вториот полуфинален натпревар против Работнички, притоа елиминирајќи го нашиот најтрофеен клуб со перфектни 2-0.

Кавадаречкиот состав е еден најискусниот во лигата со играчи кои веќе освоиле голем број на трофеи на доманшната сцена и воедно знаат како да се справат со притисокот кој го носат овие дуели. Еден од нив е и Данило Мијатовиќ кој ќе има шанса да стигне до четвртата титула во мак-баскетот.

„Пред се сакам да им честитам на играчите што веруваа од самиот почеток дека можеме да дојдеме до финале и покрај тоа што игравме против фаворит како Работнички. Сакам да му се заблагодарам и на тренерот Самарџиев кој не храбреше сето ова време и веруваше во нас и кога губевме и кога бевме во лоша форма. Постојано не подигнуваше и сиот притисок го префрли на себе и неговите помошници кои се заслужни за се што направивме. На нас е да одмориме и да го дочекаме противникот со ладни глави и да дојдеме до титула бидејќи тоа го заслужуваме како колектив и како клуб“, изјави за ЕКИПА, Данило Мијатовиќ.

Се вчитува...