Мијатовиќ на чекор до Еуро Никел

Данило Мијатовиќ ќе ја продолжи својата кошаркарска авантура во Македонија, и тоа во шести различен клуб чии бои искусниот центар ќе ги брани во текот на наредната сезона. Еуро Никел е клубот што е најактивен во преговорите со Мијатовиќ, па се очекува кавадарчани во најскоро време да ги финишираат преговорите и да го доведат овој одличен кошаркар во својот табор.

Мијатовиќ првпат пристигна во мак-баскетот во 2015 година, кога потпиша договор со МЗТ Скопје. Тој мина неполна сезона во која имаше извонредни бројки во дресот на Куманово, но го напушти овој тим и се врати назад во МЗТ. Потоа следеше преселба во Гевгелија, во тимот на Блокотехна, од каде имаше и кратка неколкумесечна авантура во АВ Охрид, до неочекуваниот распад на овој прволигаш.

Од неколкуте понуди на маса Мијатовиќ ја избра онаа на Работнички, клуб за кој настапуваше се до прекинот на сезоната поради коронавирусот. „Центарци“ засега делуваат премногу пасивно во преговорите за креирање на тимот за следната сезона, па Србинот реши што поскоро да ги реши дилемите околу новиот клуб, влегувајќи во последна фаза од разговорите со кавадаречкиот клуб.

Се вчитува...