Мијатовиќ: Се е исто како во 90-ите, политичарите се борат за моќ, а страдаат спортистите

Легендата на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ се потсети на деведесетите години кога на Балканот државите војуваа меѓу себе и ги спореди тие времиња со денешните случувања во Украина.

Поранешниот репрезентативец на Југославија не ја крие разочараноста што исто како и пред триесетина годиниа, политичарите се борат за моќ, а на крајот страдаат спортистите врз кои се воведуваат санкции и забрани за натпреврување.

„Зошто спортистите добиваат санкции? Спортот е нешто здраво. Зошто му ја одземаш на некого шансата да се натпреварува? Затоа што политичарите донеле погрешни одлуки? Тие се борат за моќ, а на крајот страдаат спортистите. Истото ни се случи на нас во 1992 година. Се подготвувавме за Европското првенство, а на крајот бевме исфрлени како ѓубре“, вели Мијатовиќ. 

 

Се вчитува...