Мијатовиќ продолжува во Блокотехна

Раководството на Блокотеха заврши уште една одлична работа задржувајќи го во своите редови Данило Мијатовиќ, кој ќе остане дел од тимот од Гевгелија и во текот на наредната сезона.

Српскиот центар дојде во Блокотехна минатото лето од редовите на МЗТ Скопје и веднаш се наметна како еден од лидерите на овој тим и беше меѓу најзаслужните за одличните игри и резултати во дебитантската сезона на клубот од Гевгелија.

Мијатовиќ сигурно и во следната сезона ќе биде значаен адут на тренерот Марјан Илиевски. Блокотехна ги ангажираше и Глигоријевиќ од Охрид и Николиќ од Работнички, а во однос на ланската сезона нови договори потпишаа Главчев, Младеновиќ и Цветковски.

Се вчитува...