Мијатовиќ: Штета што немаше навивачи во финалето, ќе беше вистински спектакл

Еуро Никел успешната сезона ја круниса со финале во домашното првенство во кое кавадарчани се бореа до самиот крај, но сепак пресуди поголгата клупа на МЗТ Скопје за продолжување на децениската доминацијата на домашното тло.

Еден од овие кои се радуваше на титулите со скопскиот тим, а сега беше во противничкиот табор е и Данило Мијатовиќ, „староседелецот“ во македонското првенство кој по натпреварот им честита на своите соиграчи за успешната сезона и се осврна на недостаток од публика во финалето.

„Му честитам на МЗТ на освоената титула и повторно би сакал да кажам дека ми е навистина криво што навивачите на двата клуба не можеа да бидат во сала бидејќи сигурен сум дека тоа ќе придонесеше финалето да биде уште поинтересно и поубаво. Добра сезона зад нас и воедно многу тешка поради аспекти кои се веќе познати. Би сакал да им честитам на моите соиграчи на одличната сезона и борбата до самиот крај. Покрај тоа му честитам и на нашиот стручен штаб за се што стори за нас, а сигурен сум дека допрва ќе прават вистински резултати во сезоните кои доаѓаат. Благодарност до управата на клубот која на поддржуваше во текот на целата сезона“, изјави за ЕКИПА, Данило Мијатовиќ.

Се вчитува...