Микаел Есиен ќе им стане соиграч на Ристовски и на Жута?

Хрватскиот тим Ријека, чии членови се македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Леонард Жута, а од оваа зима како позајмен играч во младинскиот тим ќе настапува и Милан Ристовски, би можел да ангажира звучно име во последните денови од зимскиот преодниот рок во хрватскиот шампионат. Микаел Есиен, поранешниот фудбалер на Челси, Реал Мадрид и на Милан, е во контакти со раководството на клубот и доколку се согласи на условите, би можел да биде големо засилување за Ријека во пролетниот дел од сезоната.

Последен клуб на 34-годишниот Есиен беше грчкиот Панатинаикос, каде настапуваше во сезоната 2015/16, а по ова тој е слободен агент и размислуваше и за завршување на кариерата. Сепак, сега постои опција тој да пристигне во Хрватска и во претстојните шест месеци да го носи дресот на Ријека.

Се вчитува...