Микаела Шифрин ја продолжи доминацијата во Светскиот куп

Најдобрата алпска скијачка на денешницата, Микаела Шифрин стигна до победа и на втората велеслаломска трка во италијанскиот Кронплац како дел од Светскиот куп. Американката до својата 84. победа во Светскиот куп стигна со вкупно време од 2:03.28 минути.

Второто место и припадна на Норвежанката, Рагнилд Мовинкел која заостануваше 82 стоти делови од секундата зад победничкото време. Подиумот го надополни Швеѓанката Сара Хектор со заостанување од 1.19 секунда зад времето на победничката.

Дамите се селат во чешки Шпиндлероф Млин каде на 28. и 29. јануари ќе се возат две слаломски трки кои ќе бидат последни пред Светското првенство во францускиот Куршевел.

Се вчитува...