Микаела Шифрин победничка на првиот слалом сезонава

Американската алпска скијачка Микаела Шифрин е победничка на првиот слалом во сезоната во Светскиот куп во алпско скијање, откако денеска триумфираше на трката во финскиот ски-центар Леви.

Американката до победата стигна со вкупно време од 1:51.25 минута, што беше за 16 стоти делови од секундата подобро од второпласираната Швеѓанка, Ана Свен Ларсон. Подиумот го надополни Петра Влхова од Словачка со заостанување од 20 стотинки зад времето на победничката.

Утре на програмата во финскиот Леви е и вториот слалом сезонава.

Се вчитува...