Микаела Шифрин златна на алпската комбинација на СП во Кортина Д’ампецо

Микаела Шифрин стигна до златен медал на комбинацијата на Светското првенство во италијанската Кортина Д’ампецо. Американката до златото стигна со вкупно време од 2:07.22 минути, што беше за 86 стотинки подобро од второпласираната Словачка, Петра Влхова.

Бронзениот медал и припадна на Микаеле Гизин од Швајцарија која донцеше 89 стотинки зад победничкото време.

Денеска се вози и комбинацијата во машка конкуренција, а по супервелеслаломот во водство е Канаѓанецот, Џејмс Крафорд.

Се вчитува...