Микел Хансен ова лето става крај на ракометната кариера!

Легендарниот дански ракометар Микел Хансен ова лето става крај на својата професионална кариера, информираат данските медиуми.

Хансен за утре закажа прес-конференција на која ќе ја соопшти својата одлука да се пензионира на крајот од оваа сезона, по повеќе од 15 години врвна кариера.

Микел Хансен одигра досега 266 натпревари за Данска, постигнувајќи 1350 гола, а желбата е ова лето со Данска да се збогува од ракометот со настап на ЛОИ 2024 во Париз.

Во минатото, актуелниот ракометар на Алборг, играше и за Копенхаген, Барселона и ГОГ, а трипати беше прогласен и за најдобар светски ракометар, во 2011, 2015 и во 2018 година. Освои се што може да се освои во ракометот, вклучувајќи и европско и светско првенство како и олимписка титула. Единствено му недостасува трофеј во Лигата на шампионите, но би можел да го освои сезонава во дресот на Алборг.

Се вчитува...