Микел Хансен, шести пат најдобар ракометар на Данска

Ракометарот на Пари Сен Жермен и дански репрезентативец, Микел Хансен, е избран за најдобар во својата земја за минатата 2019 година. Тој по шести пат во кариерата го добива признанието од Асоцијацијата на ракометарите во Данска. Со тоа и се придружи на Сандра Тофт, која минатата седмица беше избрана за лауреат во женска конкуренција.

„Неизмерно сум среќен и почестен што колегите ме избраа за најдобар ракометар на Данска за 2019 година. Ова е можеби и најголемото признание, да бидеш избран директно од ракометарите. Мора да признам дека и неколку други ракометари имаа одлична 2019 година. Се надевам дека ракометот повторно ќе се врати во нашите животи по пандемијата на коронавирусот“, изјави Микел Хансен.

Микел Хансен доби 35% од гласовите и го доби ласкавото признание, пред Никлас Ландин со 26% од гласовите и Расмус Лауге (22%).

Се вчитува...