„Мил Новак ти ме разочара, Роџер и понатаму е многу подобар од тебе“

Поранешниот италијански тенисер Адријано Паната вели дека Роџер Федерер во своето најдобро издание е многу подобар од Новак Ѓоковиќ, а исто така Србинот го разочарал со неговото однесување на завршниот турнир.

„Ѓоковиќ ме разочара во Лондон. Против Федерер беше многу нервозен и лут. Кога Федерер игра добро, мил мој Новак тој е и понатаму многу подобар од тебе, посебно во мечеви во два добиени сета“, изјави Паната. 

Новата тениска сезона почнува во јануари следната година, а Новак Ѓоковиќ ја брани титулата на првиот грен-слем Австралија опен.

Се вчитува...