Милан без Ибрахимовиќ на дербито со Лацио

Милан ќе биде сериозно ослабен на утрешното дерби против Лацио откако Златан Ибрахимовиќ отпадна од комбинација за дуелот на „Олимпико“.

Шведскиот ас минатата седмица потпиша нов едногодишен договор со „росонерите“, но не успева да се рехабилитира од незгодната повреда на мускулот што го мачи веќе извесно време. Токму таа повреда беше причина Ибрахимовиќ да го пропушти последниот меч со Сасуоло на кој Милан  неочекувано загуби на „Сан Сиро“, а Златан сега нема да може да помогне ниту против „лацијалите“.

„Ибрахимовиќ се чувствува подобро, но нема да може да игра против Лацио. Ќе решам дополнително, дали улогата на предводник на нападот да му ја доверам на Леао или пак на Манџукиќ. Мислам дека заслужуваме да играме во ЛШ, во овие 32 кола бевме подобри од сите освен од Интер, но мораме да продолжиме во ист ритам до крајот на сезоната“, изјави тренерот Пиоли.

Се вчитува...