Милан доаѓа со еден куп младинци во Скопје

Милан ќе дојде значително ослабен во Скопје на реванш дуелот против Шкендија, одлучи тренерот Винченцо Монтела објавувајќи ги имињата на 20-те фудбалери кои ќе бидат дел од експедицијата на „росонерите“ за мечот што утре вечер ќе се игра на „Телеком Арена“.

Со оглед на предноста од 6-0 од првиот меч, ваквата одлука е очекувана, па Монтела реши да ги остави дома Џиџи Донарума, потоа Родригез, Конти, Мусакио, двојниот стрелец Монтоливо, Чалханоглу, Бонавентура…

Затоа се очекува шанса на голот да добие Антонио Донарума, повозрасниот брат на првиот голман на „росонерите“, како и младите Калабрија, Локатели, Маури, Тораси…

sostav milan

„Росонерите“ вечерва пристигнуваат во Скопје и нема да одржат тренинг, ниту пак прес-конференција пред утрешниот дуел со Шкендија, кој е само рутина за нив на патот до групната фаза од Лигата на Европа.

Се вчитува...