Милан добива нови газди и нов претседател

Италијанскиот калчолигаш Милан има нов претседател. Тоа е 71-годишниот економист Паоло Скарони, кој на фунцијата ќе го замени Кинезот Јонгхон Ли. Ова значи дека управувачкиот пакет аквии во клубот сега се во рацете на нова компанија „Елит Менаџмент“.

Скарони е роден во Виченца, на 28 ноември 1946 година и е директор на една од најголемите нафтени компании во светот, италијанската „Ени“. Интересно е дека тој на крајот на минатиот век беше претседател на Виченца. Овој клуб во тој период беше дел од Серија А.

Се вчитува...